Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца повредени во сообраќајката кај Удово

Тројца повредени во сообраќајката кај Удово
Три лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово на патот Демир Капија-Гевгелија кај Удово. Според полициски информации, во несреќата учествувале четири возила - три со српски и едно со македонски регистарски таблички. Во несреќата биле повредени две српскки државјанки и возачот на автомобилот со струмичка регистрација. Тројцата повредени биле пренесени во болницата во Гевгелија. Нивните повреди биле полесни и тие веќе се пуштени на домашно лекување. Сообраќајната несреќа предизвика застој во сообраќајот, при што долга колона возила беше заглавена на патот повеќе од два часа. Полицијата изврши увид и ги утврдува причините за несреќата. Заради туристичката езона на овој патен правец е зголемена фреквенцијата на возила. Пред три недели, во тешка сообраќајка на ова место загина едно бебе и неговиот чичко, исто така од Србија.
Слично

Поврзани вести