Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца повредени во престрелка во Арачиново

Тројца повредени во престрелка во Арачиново
Три лица се посериозно повредени во престрелката која се случила попладнево во скопско Арачиново. Еден од повредените е пренесен на операција во Ургентниот центар во Скопје, додека останатите двајца се префрлени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Инцидентот се случил околу 17 часот во близина на дуќанот „Нигрос“ во Арачиново, а на пукањето му ретходела расправија. Очевидци тврдат дека се работи за семејна расправија која завршила трагично, а дека меѓу повредените има и една жена. МВР изврши увид на местото на инцидентот, а причините за пукањето се утврдуваат.
Слично

Поврзани вести