Тројца планирани спасени, едно лице загина на Галичица
40-годишниот Флоријан Џера од Поградец во Албанија, го загуби животот на планината Галичица. Во шестчасовна акција едниниците од Црвениот крст од Охрид на Галичица успеаја да ги спасат останатите тројца албански планинари.
Четирите лица се движеле на стрмен терен, а сега загинатиот Џера, се истркалал во провалија длабока 300 -500 метри и удрил во дрво. Сопатниците успеале да се симнат до него, но од тежината на повредите, тој починал, пишува OhridNews. Несреќата се случила над селото Трпејца.
„Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба“, појасни Сашо Точко од Црвениот крст во Охрид.
Случајот бил пријавен од лице кое пешачело по планината, а кое ги слушнало повиците за помош.
Слично
