Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРН В ОЧИ: Што пишуваат грчките медиуми за политичката криза во Македонија?

ТРН В ОЧИ: Што пишуваат грчките медиуми за политичката криза во Македонија?

„Нов политички ќорсокак во ПЈРМ“, „Предвремени избори во ПЈРМ под закана за апстиненција на социјалдемократите“,  „Избори на 5 јуни во клима на недоверба“ се дел од насловите кои осамнаа на насловните страни на грчките медиуми, кои повеќе од очигледно е дека со ширум отворени очи следат што се случува на политичката сцена во Македонија.

Пишуваат дека претседателот на Собранието, Трајко Вељановски го распушти Собранието и дека во наредните денови се очекува официјално да ги распише предвремените избори.

Во нивните текстови може да се забележи и дека се споменува и опозицискиот лидер Зоран Заев. За него пренесуваат дека тој смета оти не постојат услови за одржување фер и демократски избори, а споменуваат и за поднесените оставки на министрите од СДСМ.

„Македонскиот политички живот се мачи повеќе од една година по скандалот со прислушување телефони што го пласира опозицијата, што предизвика сериозна политичка криза во земјата. Груевски, поднесе оставка како премиер на Македонија во средината на јануари, во согласност со договорот меѓу четирите најголеми партии во земјата, која стана закон во кој се наведува дека актуелниот премиер заминува од премиерската функција пред општите избори“ - пишуваат грчките медиуми.

Тамошните новинари потсетуваат дека опозицијата го обвинува Груевски дека неговата партија победила на сите избори од 2006 година па наваму  со измами, а од  ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека опозицијата прави се за да не се одржат избори, затоа што се плаши дека ќе доживее пораз.

Слично

Поврзани вести