Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРКА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ: Светските сили се натпреваруваат на пазарот за оружје

ТРКА ЗА ВООРУЖУВАЊЕ: Светските сили се натпреваруваат на пазарот за оружје

Обемот на светската трговија со оружје константно расте. Големите сили континуирано го зголемуваат производството и продажбата на оружје и понатаму се далеку пред Европа.

Најголем произведувач на оружје се уште се САД кои држат третина од пазарот на оружје и се пред Русија и Кина, додека Европа нагло го губи замавот, соопшти Меѓународниот институт за истражување на мирот од Стокхолм.

Во областа на испорака на оружје, САД се далеку пред останатите - уделот на Американците пораснал на 33% за разлика од 29% во периодот од 2006-та до 2010-та година.

Американските производители на оружје продаваат буквално се - „САД продале или подариле огромна количина на оружје во последните пет години во 96 земји ширум светот. Американската индустрија за оружје, покрај тоа, се подготвува за големите нарачки од кои што треба да продаде 611 борбени авиони F-35 на девет земји“, соопштија од шведскиот институт.

Русија е на второ место која исто така го има зголемено со 3% и нејзиниот удел и достигна 25%.

Трета е Кина со 5,9% (пораст од 2.3%), следи Франција со 56% (-1.5%) и Германија со 4,7% (-6.3%).

Овие 5 држави заедно контролираат 74% од извозот на оружје се споменатиот период.

Слично

Поврзани вести