Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИМЕСЕЧЕН ПЛАН ЗА УКИНУВАЊЕ НА ДИНАРОТ: Дали ова ќе им помогне на косовските Срби?

ТРИМЕСЕЧЕН ПЛАН ЗА УКИНУВАЊЕ НА ДИНАРОТ: Дали ова ќе им помогне на косовските Срби?

На Косово има тримесечен план за укинување на динарот. 

Централната банка на Косово објави нов план за имплементација на одлуката за укинување на користењето на српскиот динар за готовинско плаќање. Преодната фаза за имплементација на новата регулатива, која стапи во сила на 1 февруари, ќе трае три месеци. Се предвидува функционализација на бесплатна телефонска линија за информирање на граѓаните од српска националност кои користат средства од Србија и олеснување на условите за отворање банкарски сметки. Покрај тоа, се најавува инсталирање на повеќе банкомати и други електронски уреди, или финансиски самопослужувања, како и олеснување на процесот на размена на динари со евра од страна на лиценцирани финансиски и менувачки институции.

Србите на Косово денеска протестираа. Рекоа дека чесно работеле и сега им е проблем што не можат пензиите да ги земат во динари. Бараат и меѓународната заедница да помогне. Инаку, Западот веќе им укажа на властите во Приштина дека треба да размислат за мерката. 

Слично

Поврзани вести