Тримесечните ДДВ обврзници од 1-ви јули ќе мора да користат е-Даноци
Почнувајќи од први јули оваа година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци.
Заради навремено усогласување со новините во даночното работење, УЈП им препорачува на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на е-Даноци за што е потребно 1) Дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа; 2) Интернет конекција; и 3) Валидна е-Пошта (пријавена во Централниот регистар на РМ).
Со имплементација на новото законско решение, ДДВ обврзниците ќе ги доставуваат даночните пријави електронски до УЈП, наместо досегашната пракса на достава на обрасците во хартиена форма. Покрај намалување на административните трошоци на финансиското работење, дополнителни бенефити од воведувањето на задолжителна електронска комуникација е олеснување на даночните процедури, заштеда на време и поголема безбедност на деловните податоци на компаниите.
За повеќе информации обврзниците можат да се обратат во Инфо центарот на 0800 33 000 или да ги посетат обуките на УЈП кој се организираат секој месец низ општините.
Слично
