Трикови како да заштедите на греење во зима
Во текот на зимата може да се заштеди на греење со почитување на некои мали правила кои ќе ја задржат топлината во вашиот дом.
Во зима спуштајте ги ролетните ноќе и завесите за да го намалите губењето на топлината. Ролетните можат за 10% да го намалат губењето на топлината.
Ако постојат пукнатини меѓу прозорците и ѕидовите затворете ги. Така ќе заштедите 10 пати повеќе.
Еднаш годишно пред почеток на грејната сезона викнете стручно лице за да ви ја провери инсталацијата.
Радијаторите не ги „затворајте“ со мебел или завеси затоа што така се губи топлината.
Редовно чистете ги радијаторите за протокот на топлина да се одвива нормално.
Температурата во ходникот треба да ви биде 14 степени, во спална 17 степени, кујна 17 до 21, работна соба исто од 17 до 21, дневна соба до 23, бања 23, а ако преку ден нема никој дома температурата би требало да биде 16 степени.
