Тригодишно дете исчезна во водите на Треска
Играјќи си со сестра му, тригодишното дете вчера паднало и исчезнало во водите на реката Треска кај „Чичино село“, Скопје.
Мајката со своите пет деца се шетала покрај реката во близина на Прифатниот центар. Во моментот кога тргнала кон бараката да го остави најмалото дете, девојчето останало да си игра со братчето. Тогаш тоа се лизнало и паднало во реката, по што му се губи секаков траг.
Мајката веднаш повикала полиција, а потрагата по детето се уште трае.
Слично
