Триглав заинтересиран за Кроација Осигурување и српски ДДОР?
Словенечката осигурителна компанија „Триглав“сака да ги купи хрватската „Кроација Осигурување“ и српската осигурителна куќа ДДОР од Нови Сад, најави директорот на „Триглав“, Матјаж Раковец.
Според Раковец, купувањето на двете осигурителни компании би чинело околу 400 милиони евра, но на тој начин уделот на „Триглав“ во пазарот за осигурување во регионот ќе се зголеми за 35%, пренесе весникот „Финанце“.Раковец оценува и дека реализацијата на овие трансакции зависи и од словенечките владини планови за приватизација на „Триглав“, кој сеуште во сопственост на државата. Според овие планови, државата ќе задржи една четвртина од акциите на „Триглав“, а останатите три четвртини ќе ги продаде на инвеститор.
Слично
