„Триглав Осигурување“ АД Скопје има нов извршен директор
Сања Танчевска од мај годинава ја врши функцијата извршен директор на осигурителната компанија „Триглав Осигурување“ АД Скопје, информира компанијата во објавената ценовно чувствителна информација на Македонската берза за хартии од вредност.
Согласно информацијата, Одборот на директори на Друштвото на 05.03.2014 година ја назначил Сања Танчевска за извршен член на Одборот на директори. На 09.04.2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување донела Решение број 02-6837/1, со кое се издава согласност за именување на Сања Танчевска за член на орган на управување во друштво за осигурување.
Слично
