Економија, финансии, бизнис

Контакт

Триглав ја мерка Кроација, сака третина од пазарот на осигурување во регионот!

Триглав ја мерка Кроација, сака третина од пазарот на осигурување во регионот!
Ако успее во намерата да ја преземе Кроација Осигурување и уште една од осигурителните компании во Србија(ДДОР), словенечки Триглав би можел да заземе една третина од пазарот на осигурување во регионот, што секако би било голем успех за Словенија, изјави за весникот„Дело“, директорот на Триглав, Матијаж Раковец. „Превземањето на Кроација Осигурување и ДДОР во Србија ќе биде приказна на словенечкиот успех што на Словенија, во моментот и е многу потребна", рече Раковец повикувајќи ги сопствениците на Триглав кој е во мнозинска сопственост на државните фондови да покажат храброст и да дадат понуда за купување на  Кроација Осигурување. Најголемите сопственици на Триглав се Јавниот завод за пензиско осигурување (ZPIZ) и Државниот фонд  (SOD), додека држава индиректно контролира 64 отсто од акциите на Триглав. Со оглед на тоа што пазарниот удел од Триглав во Словенија се намалува, единствената шанса во иднината е јакнење на компанијата во регионот, па затоа Триглав е интересен и за странските инвеститори кои ќе ја поддржат таквата стратегија, изјави во интервјуто за „Дело“ директорот Раковец. Тој призна дека Триглав во моментов нема доволно средства за купување на хрватската и српската осигурителна компанија, односно за да се случи тоа е потребна докапитализација или влез на странски стратешки инвеститор. „За преземањето би можеле да одвоиме одредена сума од сопствените средства, но се разбира за такви големи инвестиции самите немаме доволно капитал", рече Раковец. Тој предупреди дека сопствениците на Триглав треба одлуката во врска со Кроација Осигурување да ја донесат што побрзо , бидејќи наскоро ќе биде познато дали ќе се продаваат 71 отсто од акциите на Кроација во сопственост на државата или само 51 отсто, а исто така се очекува дека обврзувачката понуда мора да биде доставена до мај или јуни. Нова Љубљанска банка (НЛБ), која имаше 3 отсто од акциите на Триглав,  во петокот ги продаде за  12 милиони евра“, пишува Дело. Како што веќе пишуваше Фактор, купувањето на двете осигурителни компании, според Раковец,  би чинело околу 400 милиони евра.
Слично

Поврзани вести