Економија, финансии, бизнис

Контакт

Триглав ИНТ со намера целосно да го преземе Триглав Осигурување АД Скопје

Триглав ИНТ со намера целосно да го преземе Триглав Осигурување АД Скопје

Триглав холдиншка дружба од Љубљана, Словенија објави намера за преземање на преостанатите акции од Триглав Осигурување АД Скопје кои досега не се во нивно располагање со што ќе располага со 100% од акциите.

За оваа намера согласно законот за преземање на акционерски друштва се известени Комисијата за хартии од вредност , Агенцијата за супервизија на осигурување, Македонска берза и Комисијата за заштита на конкуренцијата и секако Триглав Осигурување АД Скопје.

Понудата доаѓа по одлуката на Управниот одбор на Триглав ИНТ донесена на 20 април годинава. Планот е да се преземат 16.020 обични акции со право на глас издадени од Триглав Осигурување, а за една акција ќе бидат понудени 14.640 денари.

Понудата за преземање ќе биде објавена веднаш по одобрението на барањето од страна на Комисијата за хартии од вредност.

Слично

Поврзани вести