Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРИФУН КОСТОВСКИ САМ СИ ЈА КРАДЕШЕ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ПРЕКУ ФИКТИВНИ КРЕДИТИ“-Љубчо Георгиевски објави детали за работењето на Костовски

„ТРИФУН КОСТОВСКИ САМ СИ ЈА КРАДЕШЕ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ПРЕКУ ФИКТИВНИ КРЕДИТИ“-Љубчо Георгиевски објави детали за работењето на Костовски

Поранешниот премиер и екс-лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгивески во објава на неговиот профил на Фејсбук навдеува детали околу работењето на Еуростандар Банка во сопственост на Трифун Костовски.

Неколку зборови за криминалот на чесниот патриот Трифун Костовски“

-Откако вложи 15 милиони евра претходно украдени од Технометал во својата банка поради довербата на луѓето и претходниот маркетинг, вложувањата на грѓаните и фирмите пораснаа во на над 200 милиони евра.

Тогаш Трифун сфатил дека неговите 15 милиони се содржат 13 пати во парите на другите и почна да си ја краде банката преку фиктивни кредити а тие на кои ги даваше задржуваа 10-15% а другиот дел од парите му ги враќаа.

Една од тие приказни пред банкротот ја имам чуено во градот од еден пријател на албанскиот интелектуалец и колумнист А.М. Тој на фирми на негови блиски им давал кредити без покритие а овој му ги враќал.

Пријателот на интелектуалецот имал сепак поголема совест од Трифун, па дури и го прашал зошто го прави тоа? На што Трифун му одговорил дека и нему му треба кеш. Тоа е шемата со сите фирми каде од авион се гледа криминалот.

Сите мои кредити што сум ги зел се обезбедени со три најмалку два пати повеќе хипотека, а зошто Трифун давал без хипотека е јасно како бел ден. Само што Костовски е заштитена бела мечка во Македонија а највероватно и добро плаќа и поради тоа тешко ќе видиме завршница.

Патем да потсетиме дека целиот криминал е направен во времето на Груевски, пишува Георгиевски во објавата на ФБ.

ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести