Трифонов води пред Борисов, а Борисов пак се сомнева во резултатите
На 98,92 отсто од пребројаните гласови, Слави Трифунов од „Има таков народ“ го презеде водство од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Бугарската социјалистичка партија (БСП) останува трета со 13,51 отсто од гласовите. Следна е „Демократска Бугарија со 12,56 проценти.
Изборниот цензус од 4 проценти, според сегашните резултати, го поминаа и Движењето за права и слободи (ДПС) со 10,66 отсто и „Исправи се! Излези“ со 5,03 проценти.
Ова покажуваат резултатите на ЦИК, објави бугарската ТВ Нова .Во Бугарија вчера се одржаа нови избори, затоа што пред неколку месеци по изборите, партиите не успејаа да состават Влада.
Како една од главните точки во програмата на неговата влада, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, предлага испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА.
Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов ден по изборите вели дека се сомнева во резултатите.
