Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tрифонов: Голем проблем за една песничка, за среќа немаме морална полиција како во Иран

Tрифонов: Голем проблем за една песничка, за среќа немаме морална полиција како во Иран

Голем проблем за песничка. Всушност, тоа е политичка сатира, од која некои луѓе се многу повредени, бидејќи очигледно се чувствуваат недопирливи, пишува на Фејсбук,  лидерот на бугарската парија „Има таков народ“ Слави Трифонов.

Ова се однесува за песната која ја посвети на Лена Бориславова, која пак беше дел од кабинетот на екс бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Трифонов вели дека во Бугарија сепак има слобода на говор.  Според него, добро е што во Бугарија нема морална полиција како во Иран. 

„Во Бугарија има слобода на говор, а јас сум слободна личност и моите колеги се слободни луѓе. Со политичка сатира се занимаваме 30 години“, додаде Трифонов.

Инаку, Бориславова најави тужба за песната во која тој ја исмева и навредува, а имаше и реакции во медиумите дали Трифонов ги поминал границите. 

Слично

Поврзани вести