Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трифонов ги испровоцира бугарските политичари

Трифонов ги испровоцира бугарските политичари

Предлогот на Слави Трифонов за претседателска република во Бугарија е провокација, вели за БНР Антон Кутев, портпаролот на преодната влада на Бугарија.

Трифонов бара референдум.  Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кутев, Трифонов очигледно на некој начин се обидел да одработи за претстојните парламентарни избори на 2 октомври. Портпаролот на привремената влада коментира дека оваа идеја на Трифонов не била договорена со претседателот Румен Радев.

„За да се направи тоа, потребна е промена на Уставот на земјата, за што е потребно квалификувано мнозинство од две третини. Во моментов нема такви услови“, рече портпаролот на преодната влада. 

Вели дека ова е повеќе предизборна егзотична идеја отколку каков било вистински политички потег.

Лидерот на партијата „Има таков народ”, Слави Трифонов, најави иницирање референдум за тоа дали Бугарија да биде претседателска република или да остане парламентарна. Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова, пак, вели дека транзицијата кон претседателска република во Бугарија не може да се направи преку референдум, туку само со одлука на Големото Народно Собрание кое има 400 пратеници, а не со обично народно собрание со 240 пратеници.

Слично

Поврзани вести