Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тридневна жалост во Србија заради жртвите од поплавите

Тридневна жалост во Србија заради жртвите од поплавите
Владата на Република Србија од утре прогласи тридневна жалост во земјата заради жртвите на катастрофалните поплави кои ја зафатија земјата. „За денови на жалост ги прогласуваме 21, 22 и 23 мај“, објави српскиот премиер Александар Вучиќ. Само во Обреновац, има 14 жртви во поплавите од кои половината се удавиле во надојдените води. Евакуацијата во Обреновац траеше и во текот на ноќта, а извлечени беа уште над 1.200 жители. Земјата и натаму е во вонредна состојба, подготвувајќи се да го пречека новиот поплавен бран. Од утрово е регистрирано зголемување на водостојот на Дунав. Во Босна и Херцеговина денеска е прогласен ден на жалост за поплавите кои и таму однесоа човечки животи.
Слично

Поврзани вести