Трибина СДСМ: Жерновски да се измами за криминал и да се избрка полицаец од работа
Во еден од серијата разговори што ги презентираше опозицијата, се слуша како наводно, Сашо Мијалков и Миле Јанакиески зборуваат за некое лице кое треба да оди кај Жерновски на посета.
Мијалков е заинтересиран лицето да го озвучат и да го пуштат кај Жерновски со намера да се навлече на криминал.
На друг разговор, се слуша како наводно Јанкуловска и Кирил Божиновски зборуваат за полициски работник на кој му спремаат преместување на работното место, а понатаму отказ од работа, затоа што го сметаат за политички непријател.
На некои снимки се слуша како се договара да се расипуваат лифтови низ станбени згради во Скопје, а во тоа, наводно учествувале вравотени во ЕВН.
Слично
