Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Сакаа да ме наместат како Љубе Бошкоски

Заев: Сакаа да ме наместат како Љубе Бошкоски
Лидерот на опозицијата, Зоран Заев на трибината во Универзална сала се обрати пред присутните и истакна дека цела година бил под посебни истражни мерки, бидејќи власта сакала да го намести како Љубе Бошкоски. ,,Се сеќавате дека го повикав Груевски јавно да каже дали има ПИ мерки против лидерот на опозицијата за време на избори. Вчера наврши една година од тоа. Последната година јас сум под ПИ мерки, намерата беше да направат со мене исто како за Љубе , да местат бизнисмен да дава пари за кампања – рече Заев. Тој рече дека бизнисменот кој бил ангажиран за да му даде пари на Заев, бил Иво Сачевалиев од Струмица од фирмата „Иво“ за конзервна храна. ,, Денеска и вчера пропадна последната местенка што ja сакаа да ја направат само да ја спасат својата глава.”- рече Заев. Лидерот на опозицијата, во својот говор истакна дека оваа Влада веќе нема легиминитет. ,,Оваа власт ја крадела иднината на македонските граѓани. Тоа го сторија овие луѓе, нелуѓе, Груевски, Мијалков и нивните соработници. Шилото тргна да си го бара патот, по девет години. И сега што правиме Груевски? Не си го предвидел човечкиот фактор и нивната совест? Тоа се патриотите на Македонија кои ги обезбедија документите. Да им оддадеме почит на овие храбри луѓе, на кои им ја должиме вистината за Македонија”-рече Заев.    
Слично

Поврзани вести