Три улични напади со нож во една вечер во Скопје
Во само неколку часа се случија три крвави инциденти во главниот град, едниот во Старата Скопска Чаршија, другиот на улицата Женевска, и третиот на улицата Димитрија Чуповски.
Во крвав напад ноќеска тројца млади биле нападнати со стаклени шишиња на улицата Димитрија Чуповски во Скопје, соопшти СВР Скопје.
На тројцата момчиња им се нанесени телесни повреди и се префрлени во болница.
Претходно, банда нападнала две млади лица во Старата Скопска Чаршија. Во физичката пресметка, едниот од нив бил прободен со нож во градниот кош.
Третиот инцидент се случил во 19 часот на улицата „Женевска“ во Скопје, каде 16-годишен малолетник бил физички нападнат од непознато лице. Според податоците од полицијата, тој во еден момент извадил нож и го забодел во пределот на стомакот.
