Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три тешки сообраќајки во неколку часа

Три тешки сообраќајки во неколку часа

Тешки сообраќајни несреќи се случија денеска во ралични делови од државата.

Две лица го загубија животот, а дванаесет се повредени во одделни сообраќајки.

Утрово, несреќата на патот  Охрид - Струга беше смртоносна за дваесет и девет годишен маж од Кичево. Во оваа сообраќајка повредени се и четири лица. Повредените биле во патничко возило фиат караван со кичевски таблички кое излетало од патот.

Во другата сообраќајка животот го загуби 80-годишен маж при несреќа со трактор во Неготино.

Во селото Педалиште пак, авомобил излета од патот и падна во провалија длабока десетина метри.

Во несреќата се повредени осум лица, три жени и пет деца, од кои едното е бебе.

Сите се пренесени во гостиварската болница, само една жена е префрлена во Скопје, поради сериозните повреди.

Слично

Поврзани вести