Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три светски економии си потпишаа „смртна пресуда“

Три светски економии си потпишаа „смртна пресуда“

Три од 10 најмоќни економии во 2016 година си потпишаа „смртна пресуда“. 

Заради два референдуми и експерименти со валута, 2017 година ќе биде неизвесна за Велика Британија, Италија и Индија. 

Велика Британија на 23 јуни гласаше за излез од ЕУ, а тоа влијаеше на пазарите и акциите. 

Состојбата се подобри брзо, но валутата беше најголем губитник. 

Фунтата изгуби 18% од вредноста, а цените на намирниците се зголемија. Инфлација ќе има и во 2017 година. 

Индија укина дел од банкнотите, а по ова граѓаните се бореа да дојдат до своите пари. 

Земјата имаше раст од 7.3%, но се очекува тој значително да се намали. 

Италија на 4 декември гласаше против уставните реформи на сега бившиот премиер, Матео Ренци. 

Тој си поднесе оставка, но ќе има политичка и економска несигурност. 

Ако има избори, популистичките партии ќе го изразат незадоволството од Европа. 







Слично

Поврзани вести