ТРИ РАБОТИ И ПОМОГНАА: Жена преживеа 37 часа изгубена во Егејското Море
Туристка изгубена на отворено море со помош на три работи кои помогнале таа да се спаси.
Таа „преживеала јадејќи бомбони", се завиткала за да не ја изгуби топлината, и со помош на огледало сигнализирала каде е.
Се работи за Кушила Штајн на возраст од 45 години, која е спасена по 37 часа во близина на Крит.
Таа е од Нов Зеланд и преживеала два дена пловејќи во гумен чамец во близина на Грција. Штајн му помагала на Британецот Мајк да ја пренесе јахтата од југот на Турција до Атина. Но, во текот на патувањето, одлучила да ги „протегне нозете" и во петокот со гумен чамец тргнала кон островот Фолегандрос. Кога тргнала назад, едната весла и паднала во вода, а силниот ветар ја носел кон отвореното море.
Штајн била цели 37 часа на отворено море, а се замотала во пластични кеси за да ја задржи топлината.
Таа е искусна морнарка, па на главата ставила црвена кеса и користела огледало за да привлече внимание.
Грчката крајбрежна стража ја пронашла на 101 километар северно од Крит, најголемиот грчки остров и ја однеле во болница.
