ТРИ ПРОЦЕНТИ РАСТ НА БДП ВО 2024 - еве кои сектори имаа најголем удел
Бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година достигна 3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
- Номиналната стапка на раст на БДП во 2024 година, во однос на 2023 година, изнесува 6,8 проценти. Вредноста на БДП во 2024 година изнесува 964.087 милиони денари.
Најголемо учество во додадената вредност со 17,9 проценти во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна - се посочува во нивното соопштение.
Понатаму укажуваат дека финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 82,4 проценти.

Додека пак, учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 61,7 отсто.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 226.482 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53,6 отсто, машините и опремата со 35,7 проценти, а останатите инвестиции со 10,7 отсто, се поајснува во соопштението на ДЗС.
