Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три оставки и нов претседател во ДУИ

Три оставки и нов претседател во ДУИ

На ден пред изборот на претседател на општинскиот огранок на ДУИ во Струга, кој денес го доби новиот претседател поранешниот струшки градоначалник Рамиз Мерко, единствениот кандидат, ДУИ се соочува со внатрепартиски превирања каде досега тројца функционери си поднесоа оставки.

Имено, вчера после „бомбите“ на опозицијата редовите на ДУИ ги здрма оставка на заменик министерот за одбрана Арбен Лабеништа, за веднаш после него оставка да поснесат и организацискот секретар на партијата Хазби Лика и поранешниот портпарол на Владата, а потоа заменик претседател на огранокот на партијата во Арачиново Шефик Дураку.

Тие во своите оставки како мотив за ваквиот чекор ги наведуваат незадоволството од начинот на кој функционира партијата во време кога земјава ја тресат политички кризи и скандали, и недистанцирањето од власта на оваа партија после аудио снимките на опозцијата.

Третата оставка доаѓа во пресрет на денешниот партиски Конгрес на ДУИ. „Ја најавив пред членовите на огранокот и партиските органи мојата оставка од позицијата заменик-претседател на ДУИ во Арачиново, но денес сакам да ја потврдам за јавноста, да го изразам незадоволството на организацијата на ДУИ, воопшто, а особено на функционирање на ниво на ограноци“, рече Дураку.

Но оставките не влијаеа на внатрепартиските избори, и со 64 гласа за и 4 против поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е избран за прв човек на Демократската Унија за интеграција (ДУИ) во Струга.

На Изборното собрание присуствуваа 68 од 85 членови и лидерот на оваа партија Ахмети. Мерко денеска беше единствен кандидат откако вчера противкандидатот Лабеништа си поднесе оставка. Ахмети во врска со оставките смета дека ДУИ е отворена партија која промовира и дозоволува различни размислувања“.
Слично

Поврзани вести