Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три милиони Германци заработуваат колку да преживеат

Три милиони Германци заработуваат колку да преживеат
Над три милиони Германци едвај успеваат да го преживеат месецот со платата што ја заработуваат, а се поголем е бројот на луѓе кои се присилени да штедат на греење и на храна, пренесува Дојче веле. Според податоците од Федералниот завод за статистика за 2013 година, бројот на луѓе кои заработуваат доволно само за да преживеат од 2008 година пораснал од 2,5 на 3,1 милион. Податоците, кои се базираат на анкети спроведени во домаќинствата, откриваат дека луѓето Што се присилени да работат за ниски плати штедат на храна и греење, а според анализите околу 538 илјади работници поради ниските плати во текот на 2013 година, само секој втор ден имале целосен оброк, околу 417 илјади не можеле да си обезбедат соодветно греење, а речиси 380 илјади не успеале навреме да платат закуп за стан. Секој втор Германец со ниска плата, односно, околу 1,5 милиони граѓани не можат да си дозволат да заминат на еднонеделен одмор еднаш годишно, а околу 600 илјади граѓани се откажале од намерата да купат автомобил зашто немаат пари. „Бројот нa работници кои заработуваат нешто повеќе пари од владината помош за невработени е алармантно висок“, вели претседателката на здружението ВдК, Улрике Масхер.
Слично

Поврзани вести