Три лица меѓу кои се две деца – загинале во сообраќајката кај Кичево
Три лица загинале во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Охрид-Скопје, кај кичевско Колари. Уште три лица се тешко повредени.
Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски информираше дека во несреќата што се случи околу 18,15 часот загинале три лица, а меѓу нив две се малолетни. Уште три лица се тешко повредени, еден од нив се лекува во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека другите двајца се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Во сообраќајката учествувале два автомобили, „волво“ со кичевски таблички и пик-ап со струшки таблички.
Информации за причините и идентитетот на жртвите и повредените, полицијата најави за утре.
Увидот на местото на несреќата завршил, а додека траел немало застој во сообраќајот, информира Димовски.
(Извор:телеграф.мк)
Слично
