Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три јавни претпријатија меѓу најголемите должници за данок

Три јавни претпријатија меѓу најголемите должници за данок
Речиси 200 милиони евра должат за неплатен данок над 3.500 фирми и граѓани чии имиња Управата за јавни приходи денеска ги објави. Меѓу нив се најдоа и ексклузивни ресторани, градежни претпријатија, адвокати, продукциски куќи, но и обични граѓани. На листата на должници сепак предничат претпријатијата - вкупно 2.608 правни лица должат 180,7 милиони евра данок. Меѓу десетте најголеми должници се и три јавни претпријатија - „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Комуналец“ - Гостивар. Тие заедно должат данок од над 11 милиони евра. Над 900 граѓани на државата за неплатен данок и должат околу 10,7 милиони евра. Најголем должник е приватно лице Илија Мицев од Возарци, кое има неплатен персонален данок од над два милиони евра. На листатата на УЈП се најдоа и 20-тина странски државјани, кои на Македонија не и платиле данок од околу 150 илјади евра. УЈП ќе ја објавува листата еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот, за да ги поттикне граѓаните и фирмите на даночна дисциплина и подмирување на доспеаните обврски кон државата.
Слично

Поврзани вести