Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три Јавни Претпријатија должат на државата над 12,7 милиони евра за даноци!

Три Јавни Претпријатија должат на државата над 12,7 милиони евра за даноци!
Речиси 200 милиони евра должат за неплатен данок над 3.500 фирми и граѓани чии имиња Управата за јавни приходи денеска ги објави. Меѓу нив се најдоа и ексклузивни ресторани, градежни претпријатија, адвокати, продукциски куќи, но и обични граѓани. На листата на должници сепак предничат претпријатијата – вкупно 2.608 правни лица должат 180,7 милиони евра данок. Меѓу дваесетте најголеми должници се и три јавни претпријатија – „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Македонската радио телевизија“ заедно должат данок од над 12,7 милиони евра. Листата на должници кон УЈП - ТУКА.
Слично

Поврзани вести