Три години затвор за Паско Кузман
Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман денеска беше осуден на казна затвор во траење од три години, во судскиот процес „Фаланга 2“.
Тој беше најзвучното име меѓу 16-те обвинети во овој случај, кои се товарат дека злоупотребувајќи ја својата службена положба давале информации за вредни артефакти, за безбедноста на културното наследство, помагале при пренесување на археолошки предмети од една на друга локација, при нивно прикривање и продажба на двор од Македонија.
Највисока затворска казна од 7,5 години затвор за четири кривични дела кои му се ставаат на товар доби Илчо Бојчевски, поранешен раководител на Одделението за превенција во Управата за заштита на културното наследство.
Судот денеска изрече вкупно 12 затворски казни и четири условни казни во овој случај. Сите обвинети беа прогласени за виновни за делата за кои се товарат.
Во случајот „Фаланга 1“ претходно беа осудени уште 22 лица, кои добија вкупна затворска казна од над 70 години под обвинение дека биле дел од организирана криминална група која вршела нелегално ископување, шверц и продажба на предмети од непроценлива вредност од Македонија.
Кузман најпрвин беше осомничен и во случајот со кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, но против него не беше подигнато обвинение.
Слично
