Три евра за секој производ од Temu, AliExpress и други платформи од трети земји: Од денес во ЕУ, нова такса
Од денес 1 јули, Европската Унија воведува привремена царинска такса за сите пратки од трети земји, во вредност до 150 евра. Таксата ќе биде три евра по производ.
Според податоците од Европската комисија, како што напиша „Њу економи“ , околу 12 милиони мали пакети пристигнуваат во ЕУ секој ден, а дури 91 процент од нив доаѓаат од Кина. Главната причина за усвојувањето на новите правила е воспоставување построга контрола врз евтините производи кои честопати не ги исполнуваат безбедносните стандарди на Европската унија, особено кога станува збор за козметика, електроника и производи за деца.
Овие правила би можеле да донесат дополнителен финансиски ризик за клиентите кои не се задоволни од нарачаната стока. Иако сè уште ќе биде можно да се врати пакетот, парите платени за царина и давачки најверојатно нема да бидат вратени.
Доколку купувачот одлучи да не ја подигне пратката, трошоците за нејзино уништување, како и досега, ќе ги сноси државата.
