Три часа месечно на мобилен, помалку од два часа на фиксен
Македонците просечно зборуваат по 179,46 минути месечно на мобилен телефон, а по 107 минути на фиксен, покажа анализата на АЕК за четвртиот квартал од 2013 година.
И во фиксната и во мобилната телефонија, најголем дела од разговорите се во сопствената мрежа - 147 минути од разговорите на мобилен, 67 минути на фиксен телефон.
Разговорите кон останатите мрежи се значително поретки. Кон странство во просек секој Македонец месечно остварува 2,91 минута разговор на фиксен и 0,97 минути на мобилен телефон.
Се намалува бројот на претплатници во мобилната телефонија
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија на крајот на минатата година изнесувал 2.237.250, што е за 1, 72 проценти помалку во однос на претходната година.
Во вкупниот број претплатници Т-Мобиле учествува со 47,54 проценти, ОНЕ со 23,60 проценти, а ВИП со 28,08 проценти. Виртуелниот мобилен оператор, кој почна со работа во четвриот квартал лани Албафоне е со пазарен удел од 0,78 проценти.
Пад е забележан и кај бројот на корисници во фиксна телефонија. На крајот на четвртиот квартал лани се регистрирани 396.523 фиксни телефонски линии, што е за 2,89 проценти помалку од крајот на 2012 кога имало 408.318 линии. Од 48 нотифицирани субјекти во АЕК, во четвртиот квартал услуги нуделе 39 субјекти.
Во вкупниот број фиксни линии учеството на Македонски телеком е 62,65 проценти, додека од алтернативните оператори, даватели на услуги, најголемо учество има ОНЕ оператор со 16 проценти, по кој следат Близу (10,33 проценти), Аикол (5,60 проценти), Неотел (3,99 проценти).
Слично
