Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговците се жалат-од Карфур само долгови!

Трговците се жалат-од Карфур само долгови!

Повеќе од 70 трговски и производни компании пријавиле во Стопанската комора на Македонија дека имаат побарувања од хипермаркетот Карфур во Скопје и Тетово.

Работата на Карфур ја испитува финансиската полиција и даночните инспектори, а се проценува дека фирмите кои соработувале со таа трговска компанија изгубиле околу 10 милиони евра.

Двата хипермаркети на Карфур во земјава во почетокот на февруари се затворени поради големи загуби кои ги правеле во работењето.

Повеќе од 50 македонски фирми кои имаат побарувачки од ЦМБ Балканс Скопје, носител на франшизата на Карфур во земјава, одржале после затворањето на хипермаркетите во Скопје и Тетово состанок на кој побарале во тој случај да се вклучи и финансиската полиција, УЈП и МВР.

Еден од најголемите хипермаркети во Скопје, Карфур е затворен во четвртокот на 4 февруари, после што е затворен и продажниот објект во Тетово.

Карфур во скопскиот Сити мол се простираше на 4 650 квадратни метри и беше меѓу најголемите во земјава.

Почна да работи пред три и пол години и беше еден од најпосетуваните маркети. Рафтовите беа полни со најразлични производи од македонски и странски брендови, а Карфур нудеше и пристапни цени, со секојдневни акциски понуди и попусти.

На почетокот стана популарен по ниските цени на тоалет хартија, која граѓаните ја купуваа во големи количини.

Слично

Поврзани вести