Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговските куќи се обидуваат да го елиминираат вишок на нафта со складирање во танкери

Трговските куќи се обидуваат да го елиминираат вишок на нафта со складирање во танкери
Откако производителите на нафта во светот сигнализираа дека немаат намера да го намалат произвидството, иако побарувачката на црното злато е многу намалена, што пак предизвика остар пад на цената на нафтата, трговските куќи решија вишоците да ги складираат во танкери со што би се придонело за стабилизирање на цената на енергенсот. Зачестените резеврации на простор за складирање на танкерите сугерираат дека можна е реприза на популарната трговска тактика од 2009 година, кога цената на нафтата исто така забележа остар пад. Цената на барелот падна на лондонската берза за 40 центи во однос на претходното затворање, на 50,56 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање, од 48,61 долари. Во оваа недела цената на нафтата се спушти на светските берзи на најниско ниво од 2009 година, а во однос на септември е речиси преполовена. Во меѓувреме се појави информации дека некои од најголемите трговци со нафта на светот, како Vitol, Trafigura и британскиот нафтен гигант Shel, се обидуваат да ја ублажат заситеноста на пазарот со складирање на нафта на супертанкери, во период и до една година, во очекување цената на нафтата да закрепне. Берзите ги загрижува и побарувачката со оглед на сигналите за слабост од кинеската и европската економија, вклучително и податокот дека кинеската инфлација во декември била на најниско ниво за пет години. Во Германија, пак, забележан е пад на извозот и намалување на индустриското производство во ноември. Исклучок се САД каде во петокот беше објавено дека само во последниот месец од минатата година биле отворени 252 илјади нови работни места, со што бил забележан пад на стапката на невработеност на најниско ниво за шест ипол години.  
Слично

Поврзани вести