Трговскиот дефицит на Македонија над 834 милиони евра
Во првите шест месеци од 2015 година, трговскиот дефицит на Македонија изнесува 834 243 000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки, изнесува 1,953милијарди евра, а се увезиле стоки во вредност од 2 787 милијарди евра.
Тоа значи дека покриеноста на извозот и увозот во периодот јануари-јуни била 70,1 отсто.
Инаку, во првиот квартал од годинава, извозот пораснал за 11, 4 отсто, а увозот се зголемил за 6,9 отсто.
Слично
