Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговскиот дефицит во првите осум месеци е 1,5 милијарди долари

Трговскиот дефицит во првите осум месеци е 1,5 милијарди долари
Трговскиот дефицит, во периодот од јануари до август оваа година, изнесува една милијарда 527 милиони и 490 илјади американски долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во овој период, изнесува над 2,7 милијарди долари, а на увозот над 4,2 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,1 отсто Во периодот јануари-август 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 со 72,9 отсто и земјите од Западен Балкан со 18 отсто, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 со 62 отсто и Останати земји, на друго место неспомнати со 11,6 отсто. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија односно 49,9 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.
Слично

Поврзани вести