Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговски центри се градат на ангро, па после се фрлаат бомби, прогласува шуги, се киднапираат деца!

Трговски центри се градат на ангро, па после се фрлаат бомби, прогласува шуги, се киднапираат деца!
Киднапирани деца, шуга, дојава за бомба - вакви информации во јавноста кружат периодов за дел од поголемите трговски центри во Скопје. Дали се работи за шпекулации или за вистински случки, или пак ваквите информации имаат друга заднина? Дел од упатените во овој бизнис велат дека често пати менаџерите на големите компании во борбата со конкуренцијата се подготвени на различни игри односно тркови како да ја оцрнат конкуренцијата за сметка на личен профит. Но вообичаено ефектите во ваквите случаеви се кратки а штетите после тоа се огромни, се губи репутацијата и довербата на потрошувачите. Во светот големите компании често користат такви трикови, но потоа претрпуваат  огромни загуби. Дел од бизнисмените пак не ја гледаат вината во фирмите туку во начинот на информирање на дел од медиумите, кој во трка за гледаност и читаност лиферуваат информации кои при тоа не се потврдени од релевантните институции. Други пак велат дека не сакаат да веруваат во тоа дека менаџерите се подготевни за подмолни игри во трка за поголем профит. Упатените во овој бизнис велат дека во последно време во трговските центри има повеќе шетачи отколку купувачи, се помалку се издаваат деловни простории за различни намени. Причината ја лоцираат во слабата куповна моќ на граѓаните, но и во презаситеноста на пазарот, па центрите не работат толку профитабилно колку што планирале. -Пазарот е генерално презаситен, а од друга страна тука е слабата купувна моќ на граѓаните. Но затоа е важно при изградба на секој трговски центар да се има добра физибилити студија која ќе ја покаже економската исплатливос , апсорпцијата на купувачи и брендови, деловни простории, како нивото на куповната моќ. Можеби со измените во Законот за градба каде е предвидено званична пренамена на оние станови кои функционираат како фирми во деловни простории, ќе придоенсе да се зголеми интресот за купување на деловни простории во трговските центри. Сега тоа така функционира бидејќи становите се поевтини, а кога ќе се регистраат во општина како деловни простори трошоците за комуналии ќе бидат повисоки за 30 отсто. Затворените трговски центри функционираат на принципот на изнајамување на простории и менаџирање со нив, тие не ги продаваат локалите. Не сакам да верувам дека се дојдени до тој степен во борбата за конкуренција и оцрнување на другите во истиот бизнис, да пуштаат вакви муабети за киднапирани деца или било што, вели Никола Велковски претседател на Здружението на градежништвото при Стопанската комора на Македонија. Деновиве на социјалните мрежи, но и дел од медиумите имаа информација според која косовски државјани киднапирале деца во дел од поголемите трговски центри, односно во Рамстор, но дека тоа се случувало и во Сити мол. Ваквите инфомрации создадоа паника меѓу граѓаните.  Рамстор Македонија испрати демант до медиумите кои ја објавија веста за наводно киднапирање на дете во супермаркетот. -Преку ова соопштение официјално ја информираме јавноста дека содржина на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност, велат до Рамстор. Истовремено од Рамстор упатуваат апел до медиумите за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи. Преку објавата на овој демант  бараат од медиумите кои ја објавија лажната вест, да упатат јавно извинување до Рамстор Македонија, до потрошувачите и до читателите за пренесување на лажни и непроверени вести. Неодамна по социјалните мрежи се појави вест дека во еден трговски ја имало болеста шуга, а а во друг дојава за бомба, базирани на непроверени инфомрации без ставови од официјални институции. Познавачите велат дека во вакви случаеви добро е фирмата за која се лиферуваат вакви информации секогаш да се произнесе со соопштение, бидејќи на тој начин ќе ја задржи довербата на потрошувачите и ќе си ја задржи репутацијата. За медиумите нема што да се додаде, пласирањето непроверени вести е чист аматеризам. Дали трговските центри се исплатлива инвестиција? Додека од една страна се градат нови трговски центри,  старите трговски центри веќе со години се оставени на забот на времето. Економската криза и конкуренцијата ги уништува некогашните бисери на трговијата.Скопје во последните години се збогати со неколку нови трговски центри изградени по теркот на странските молови. Но од друга страна центрите изградени во 90-тите години како Мавровка, Олимпико, Алуминка, Антико, стариот трговски во Капиштец и во Аеродром, трговскиот центар  во трите кули во населбата Карпош, Скопјанка, Чаирчанка, веќе наликуваат на трговски центри на духови, со речиси руинирани дуќани и по некој фризерски салон, деловна канцеларија или колонијал. Дел од просториите се издадени под закуп, дел зјаат празни бидејќи сопствениците речиси и да се откажале од идејата да ги издадат, а на прсти се бројат дуќаните кои работат. Според бизнисмените проблемот не е во локацијата, туку во моделот и кај сопствениците на локалите. -Сега е променета навиката на граѓаните,повеќе сакаат затворени трговски центри каде на едно место имаат се што сакаат да купат. Тоа е една од причините зошто замреа старите трговски центри. Друга причина за овие трговски центри е тоталната незаинтересираност на сопствениците на локалите, секој што сака си прави, не се заинтересирани ниту за комуналиите ниту за хигиената, таму владее тотална анархија,објаснува Велковски. Инвестициите во трговските центри вредат неколку стотици милиони евра. Така само изградбата на Скопје Сити Мол чинеше над 100 милиони евра, а изградбата на трговскиот центар во Аеродром Капитол мол, што го изгради бизнисменот Ајдован Адемовски чини 55 милиони евра. Само последните неколку години во време на економска криза и речиси најниска куповна моќ во Европа, во Скопје се изградија неколку големи трговски центри како Рамстор, Сити мол, Капитол мил, Соравија, Зебра , Сити Галери, Веро. Упатените во бизнисот велат дека и постоечките трговски центри не работат со полн капацитет, но цените за изнајмување на простор не се драстично намалени. Дури и во дел од поновите трговски центри речиси секојдневно се затвораат дуќаните и поголем дел од просторот е празен. Но сепак според бизнисмените, никој инвеститор кој вложува милиони евра на одреден пазар, не го прави тоа без претходна добра анализа на потрошувачките навики на граѓаните. Ј.С
Слично

Поврзани вести