Трговски дефицит од половина милијарда долари во првиот квартал
Според обемот на стоковната размена со странство во првите три месеци од годинава изнесува 2.447.987 илјади американски долари. Како што објави Државниот завод за статистика, извозот на стоки изнесува 948.053 илјади долари, а увозот 1.499.934 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 63,2 отсто, а трговскиот дефицит - 551.881 илјади долари .
Последните податоци покажуваат дека кај трговската размена по производи во извозот најголемо учеството има кај катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најзастапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Најмногу се извезува 72,4 отсто од стоките кон земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан 18,8 отсто. Во овој период најмногу стоки се увезуваа од земјите од ЕУ 56,3 отсто.
