Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговската размена меѓу Франција и Србија „тежи“ 750 милиони евра

Трговската размена меѓу Франција и Србија „тежи“ 750 милиони евра
Трговската размена меѓу Франција и Србија чини 750 милиони евра, а целта е да се достигне милјарда. Овие податоци се однесуваат за 2015 година, а соработката меѓу овие две земји постојано се подобрува. Француските инвестиции се 800 милиони  евра, а во Србија има околу 100 фирми кои работат со француски капитал, со што се вработени околу 10.000 работници. Овие податоци на средба ги соопштија српската гувернерка, Јоргованка Табаковиќ и француската амбасадорка, Кристин Моро. Стоковата размена пораснала во двете насоки и тоа за 20%, истакна Моро, а гувернерката рече дека нивна заслуга е што создале поволна клима во Србија. Двете земји ќе настојуваат во што пократок рок да ја достигнат милјардата во трговската размена.  
Слично

Поврзани вести