Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговијата со криптовалути создава зависност како коцкањето, отворен првиот центар за рехабилитација

Трговијата со криптовалути создава зависност како коцкањето, отворен првиот центар за рехабилитација

Кесл Крег болницата во Пеблесшир, Шкотска, ја создаде првата програма за рехабилитација за луѓето зависници од тргување со криптовалутите. Болницата го базира третманот на оваа нова зависност на техники што се користат во рехабилитација на зависници од коцкање.

Експертите велат дека трговијата со криптовалутите може да доведе до опсесивно однесување карактеристично и слично на она кое го имаат зависниците од онлајн коцкањето. 

- Високиот ризик и флуктуирачкиот пазар на криптовалутите се привлечни за коцкарот бидејќи им овозможуваат возбуда и бегство од реалноста. Биткоинот на пример, е валута со која доста често се тргува и со него се прават огромни добивки но и загуби - вели терапевтот Крис Брн.

Засега нема статистички податоци за зависниците од криптовалути, а болницата изјави дека досега има 13 милиони луѓе низ светот што тргуваат со криптовалута. 

Слично

Поврзани вести