Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговијата ни „цути“ со Германија и со Грција

Трговијата ни „цути“ со Германија и со Грција
Со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија тргувала најмногу Македонија во минатата година.Половина од ланската трговска размена ни отпаѓа на овие земји. Вкупната трговска размена со странство лани изнесувала 10.866.685 илјади американски долари, од кои 4.266.861 илјади долари е извоз, а 6.599.824 илјади долари се увоз. Пориеноста на увозот со извозот е 64,7 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 2.332.963 илјади американски долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производи од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта, а најмногу се увезувале нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина и легури на платина, необработени или во прав, електрична енергија и моторни возила за превоз на лица. Статистиката покажува дека  72,6 проценти од вкупниот извоз бил во земјите од ЕУ, додека во државите од Западен Балкан - 17,6 отсто. И во увозот предничат земјите-членки на Унијата.
Слично

Поврзани вести