Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговијата на мало зголемена - што најмногу се тргувало?

Трговијата на мало зголемена - што најмногу се тргувало?

Во трговијата на мало, во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, гледано по групи и класи има одредено зголемување. 

Ова се гледа од  податоците на Државниот завод за статистика. 

Зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9.5%, а реално за 10.5%), трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 9.5%, а реално за 10.5%) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9.5%, а реално за 9.9%).

Во ноември пак е забележано зголемување на прометот на трговија на мало во три групи.

Во споредба со ноември претходната година реално зголемување за 13,7% има во групата трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 15,9% и во трговија на мало, освен трговија со горива за 14,6%. 

Слично

Поврзани вести