Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговијата на мало - што најмногу и што најмалку се купувало?

Трговијата на мало - што најмногу и што најмалку се купувало?

Прометот во трговијата на мало, во 2016 година, номинално бележи пораст, особено во групите/класите: трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и трговија на мало, освен горива, додека реално, прометот во трговијата на мало бележи опаѓање 
во групите/класите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и трговија на мало со моторни горива. 

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.  Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година) и во споредба со ист месец од претходната година. Пресметаните индекси не се прилагодени (сезонски, календарски и по работни денови).

Слично

Поврзани вести