Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трговијата и туризмот-можност за економска соработка меѓу Македонија и Виетнам

Трговијата и туризмот-можност за економска соработка меѓу Македонија и Виетнам
За време на денешниот семинар меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и соработка со Амбасадата на Социјалистичка Република Виетнам,  беа отворено можностите за трговска и економска соработка меѓу двете држави, но и развивање на туризмот Како што истакна министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски,ваквиот семинар е можност стопанствениците од земјава одблиску да се запознаат со економијата на Виетнам, како и за воспоставување деловни контакти за пробив на динамичниот и голем 90-милионски пазар, а воедно ги презентираше инвестициските можности, водењето бизнис и функционирањето на економските зони во Република Македонија. Според Амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам Ле Дуц Луу, постои неискористен трговски и туристички потенцијал што треба да претставува натамошен поттик за бизнис заедниците од двете земји.
Слично

Поврзани вести