ТРГОВИЈА: Пад или пораст, што покажува статистиката?
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9.6 %, а реално за 5.2 %), Трговија на мало со непрехранбени
продукти, освен гориво (номинално за 8.2 %, а реално за 5.2 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8.9 %, а реално за 5.6 %).
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 5.0 %, а реално за 5.1 %).
Ако се вратиме наназад трговијата на мало, во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8.3 %, а реално за 3.7 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7.7 %, а реално за 5.4 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8.0 %, а реално за 4.9 %).
