ТРГОВИЈА НА МАЛО: Најмногу се тргувало со автомобилски горива и мазива
Прометот во трговијата на мало по производи, лани изнесува 126 965 914 илјади денари.
Ова е според податоците на Државниот завод за статистика.
По групи на производи, најголем промет од 22.6% е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспомнати производи“ 12.4%, во групата „Трговија на мало со млечни производи“ 4.5%, во групата „Трговија на мало со аудио и видеоопрема и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3.8%, во групата „Трговија на мало со тутунски производи“ 3.7%, во групата „Трговија на мало со пекарски производи“ 3.4%, во групата „Трговија на мало со козметички и тоалетни производи“ 3.3%, во групата „Трговија на мало со електрични апарати за домаќинствата“ 3.2% итн.
Гледано по производи, поголем промет е остварен кај следниве производи: моторен бензин, гасни масла, пури, цигарилоси и цигари од тутун и замена за тутун, лекови и медицински алкохол, свеж леб, компјутерски машини и нивни делови и прибор и други производи, течен нафтен гас, сокови и други производи.
