ТРГОВИЈА: Македонија и зависноста од Европската Унија!
Се продлабочува трговскиот дефицит на Македонија, покажува анализата на податоците за стокова размена. За седум месеци, односно од јануари до јули годинава Македонија има увезено стока вредна 4,2 милијарди долари. Лани, во истиот период направен е увоз во вредност од 3,7 милиони евра. Тоа значи дека годинава увозот е зголемен за 800 милиони долари во однос на истиот период од лани.
Во исто време имаме и раст на извозот, но со послаб интензитет за разлика од увозот, па затоа и трговскиот дефицит во стоковата размена е поголем. Односно, земјава од јануари до јули направила извоз вреден 2,8 милијарди долари. Лани, во истиот период сме имале извоз вреден 2,4 милијарди долари. Тоа значи дека годинава извозот е зголемен за 400 милиони долари.
Или, лани во периодот од јануари до јули трговскиот дефицит на Македонија изнесувал 1,3 милијарди долари, а годинава во истиот период изнесува 1,7 милијарди долари.
Од јануари до јули увоз извоз
· 2014 година 4,5 милијарди долари 2,8 милијарди долари
· 2013 година 3,7 милијарди долари 2,4 милијарди долари
· 2012 година 3,7 милијарди долари 2,2 милијарди долари
· 2011 година 3,9 милијарди долари 2,4 милијарди долари
· 2010 година 2,9 милијарди долари 1,7 милијарди долари
Од каде најмногу се увезува
Најголем дел од и од извозот и од увозот е направен со земјите од ЕУ 28.
Односно, во вкупниот увоз што земјава го има направено за периодот од јануари до јули годинава дури 64,2% отпаѓа на увоз од ЕУ 28 земјите. Или од овие земји сме направиле увоз вреден 2,7 милијарди долари. Лани пак во истиот период, од ЕУ 27 земјите сме имале увоз вреден 2,3 милијарди долари што е 61,8% од вкупниот увоз.
Во 2012 година пак, Македонија од ЕУ-27 земјите направила увоз вреден 2,4 милијарди долари што е 58,9% од вкупниот увоз.
Увоз од ЕУ 28 земјите вредност учество во вкупен увоз
· Јануари-јули 2014 година 2,7 милијарди долари 64,2%
· Јануари-јули 2013 година 2,3 милијарди долари 61,8%
· Јануари –јули 2012 година 2,1 милијарди долари 58,3%
Од земјите од Западен Балкан Македонија има увезено стока во вредност од 436 милиони долари, што е само 10,3 % од вкупниот увоз што го има направено Македонија. Лани пак во истиот период била увезена стока за сума од 356 милиони долари што е 9,4% од вкупниот увоз. А во 2012 година увезена е стока за сума од 415 милиони евра што е 11,2% од вкупниот увоз.
Увоз од Западен Балкан вредност учество во вкупен увоз
· Јануари –јули 2014 година 436 милиони долари 10,3 %
· Јануари- јули 2013 година 356 милиони долари 9,4%
· Јануари –јули 2012 година 415 милиони долари 11,2%
Вредноста на увозот од Организација за економска соработка на земјите од Азиско-пацифичкиот регион изнесува 284 милиони евра,што е 6,7% од вкупниот увоз на државата. Од заедницата на Независни државани, Македонија има направено увоз за сума од 148 милиони долари, што е 3,5% од вкупниот увоз.Додека пак од Северноамериканска зона на слободна трговија имаме увзеено стока вредна 97 милиони долари, или 2,3% од вкупниот увоз. Од ЕФТА земјите (Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн) ,Македонија има увезено стока вредна 53 милиони евра што е 1,3 % од вкупниот увоз, а од Организација на земјите-извознички на нафта и нафтени деривати земјава увозт изнесува 17 милиони евра што е 0,4% од вкупниот увоз.
Извоз - колку извезуваме во ЕУ 28 земјите
Македонскиот извоз е речиси целосно сконцентриран во ЕУ 28 земјите.
Односно за периодот од јануари до јули оваа година, 78% од вкупниот извоз е во овие земји. Односно во ЕУ 28 земјите имаме извезено 2,2 милијарди долари. Минатата година пак, во истиот период во овие земји сем извезле стока вредна 1,7 милијарди долари, што е 73,3% од вкупниот извоз.
Што значи дека годинава извозот во земјите од ЕУ 28 дополнително го зголемил учеството во вкупниот извоз за разлика од минатата година.
Во 2012 година извозот во ЕУ 27 земјите учествувал со 62,7%, кога земјава извезла стоки во вредност 1,6 милијарди долари.
Извоз во ЕУ 28 земјите вредност учество во вкупен извоз
· Јануари – јули 2014 година 2,2 милијарди евра 78,0%
· Јануари –јули 2013 година 1,7 милијарди евра 73,3%
· Јануари - јули 2012 година 1,4 милијарди евра 62,8%
Се намалува извозот во земјите од Западен Балкан
Годинава за седум месеци во земјите од Заападен Балкан, Македонија има извезено стока вредна 385 милиони долари, што е намалување во однос на минатата година во истиот период кога сме извезле 424 милиони долари.
Односно, годинава извозот во земјите од Западен Балкан учествува со 13,6% во вкупниот извоз, а лани изнесувал 17,6 % во вкупниот извоз. Во 2012 година пак извозот во земјите од Западен Балкан учествувал со 24,3% во вкупниот извоз. Тогаш во земјите од Западен Балкан, Македонија има извезено стока во вредост од 555 милиони долари.
Извоз во земјите од Западен Балкан вредност учество во вкупен извоз
· Јануари – јули 2014 година 385 милиони евра 13,6%
· Јануари –јули 2013 година 424 милиони евра 17,6%
· Јануари - јули 2012 година 555 милиони евра 24,3 %
Што увезуваме, а што извезуваме
Најголемиот дел или речиси половина и од извозот и од увозот изминатите три години отпаѓа на индустриски набавки.
Увозот на храна и пијалоци генерално изминатите три години се движи од 10% до 11% во вкупниот увоз. Односно, годинава во периодот од јануари до јули биле увезени храна и пијалоци за сума од 428 милиони долари, лани 424 милиони долари, а во 2012 година за 483 милиони долари.
Извозот на храна на пијалоци пак се движи од 9% до 10 % во вкупниот извоз на земјата.
Годинава во перидот од јануари до јули увезени се горива и мазут во вредност од 628 милиони долари, што е 14,8% од вкупниот увоз. Лани, во истиот период биле увезени горива и мазут зво вредност од 596 милиони долари што е 15,8% од вкупниот увоз, а во 2012 година 765 милиони долари или 20,7% од вкупниот увоз отпаѓал на увоз на горива и мазут.
Извозот на горива и мазу од земјва драстично е намален во споредба со рпед три години. Односно сега учествува со 1,3% во вкупниот извоз, лани со 2,5% во вкупниот извоз, а во 2012 година учествувал со 6,5% во вкупниот извоз.
Увозот на производи за инвестиции, освен транспортна опрема, во вкупниот увоз изминатите тѕри години се движи од 11% во 2012 година, 9% во 2011 гдоина до 12 % воваа година за периодот од јануари до јули.
Слично
