Тргни застани, струјата поскапува
Се стопија најавите за поевтинување на струјата за 4,48 отсто. %. Второстепената комисија за енергетика одлучи поевтинувањето да биде само 3% откако Евн Македонија се жалеше дека регулаторите не ги земале во предвид сите трошоци и пресметки кога одлучувале за последното намалување на цената на струјата.
3% поевтина ќе биде потрошената струја во август, споредено со јунските цени, додека сметките за јули ќе го содржат намалувањето од 4,48 отсто, како што првично беше најавено.
Поевтинувањето на струјата беше донесено пред два месеци кога претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров истакна дека главна причина за пониската цена е тоа што било утврдено дека компаниите оствариле повеќе приходи во споредба со првично планираното.
Новата цена на струјата ќе важи во текот на една година. Минатата година струјата поскапуваше два пати, а тогаш вкупно цената се зголеми за околу 20 проценти. Инаку минатата година Регулаторот ја укина и дневната евтина тарифа на струјата.
Слично
