Тргна првиот товарен воз на новата линија Будимпешта-Белград
Првиот товарен воз на MAV Railtours тргна неколку минути по полноќ на новата линија Будимпешта-Белград. Оваа вест ја потврди генералниот директор на Унгарските железници (MAV), Жолт Хеѓи, на својот Фејсбук профил.
Тестирање пред патничкиот сообраќај
Хеѓи објасни дека линијата, означена со 150, која е реновирана со секојдневен товарен сообраќај, ќе биде тестирана во реални услови пред да се продолжи со патничкиот сообраќај. Тој додаде дека сите мерења и тестови покажале дека линијата ги исполнува сите инфраструктурни и безбедносни барања за сообраќај на товарни возови.
Најголемата железничка инвестиција
Тој нагласи дека реновирањето на линијата 150 е најголемата железничка инвестиција во Унгарија во последните години.
„Наместо старата едноколосечна линија во лоша состојба, изградена е двоколосечна линија за брзини до 160 километри на час, опремена со најсовремени услови за патници“, објасни Хеѓи.
Генералниот директор на MAV ги повика граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат прописите при пристапување кон железницата. Тој предупреди дека на таа делница долго време нема железнички сообраќај и затоа е потребна дополнителна претпазливост.
„Ова означува крај не само на изградбата на железницата и развојот на инфраструктурата, туку и крај на периодот на затворени тестови. Со секојдневен товарен сообраќај, сега ја тестираме обновената железница во реални услови на сообраќај, пред да може да се врати патничкиот сообраќај на неа“, рече Хеѓи во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Воедно посочи рече дека сите мерења и тестови потврдиле дека железницата ги исполнува сите услови за инфраструктура и безбедност во сообраќајот потребни за сообраќај на товарни возови.
Фото: Притнскрин/Фејсбук
